БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ќе се гради Спортскиот центар „Џексон“ во Штип, Градоначалникот Јорданов продолжува со реализација на ветувањата

Пренеси го гласот

Почитувани сограѓани,
Штотуку ја примив веста дека е прифатен амандман наменет за капитален проект за Општина Штип. Поконкретно, овие средства ќе бидат предвидени за изградба на Спортскиот центар „Џексон“.

Сонот на многу генерации пред сѐ спортисти, а потоа и рекреативци станува реалност. Сето ова немаше да беше возможно без напорите на претседателот Hristijan Mickoski и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Македонија, кои во услови на опозиција под сериозни опструкции од власта, успејаа да обезбедат средства за капитален развој на Општина Штип.

Ова за мене и за Општина Штип претставува уште поголем поттик да продолжиме да работиме посилно за развојот на нашиот град. Она што можам да го ветам е дека во периодот што следува ќе направиме многу позитивни промени во град Штип. Досега покажавме и докажавме дека знаеме како да работиме во интерес на граѓаните и дека го исполнуваме дадениот збор, кој значи нова иднина за Штип.
Ова е само почеток на нашата мисија за преродба на нашиот град.

Одговорно и чесно, секојдневно работиме нашиот Штип да биде достоинствено место за живеење!”

-наспиша на фејсбук градоначалникот на Штип Иван Јорданов.

bregalnickimarketing

Креирано од:


Пренеси го гласот