БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На кој јазик е пишуван весникот “Вардар” во 1905 година?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Според историските списи, во Одеса Крсте Петков Мисирков издавал весник “Вардар” на Македонски јазик во 1905 година.

„Вардар“ е првото списание за наука, литература и политички прашања напишано на македонски јазик чиј уредник и основач бил Крсте Мисирков. Списанието било објавено на 1 септември 1905 година (стар стил) во Одеса, Украина. Се планирало да излегува еднаш месечно, но списанието излегло само во еден број. „Вардар“ е составено од неколку секции каде се обработуваат македонското прашање и странските пропаганди, народното творештво, литературата, статистиката и етнографијата на Македонија, како и теми од светската гео-политика.

Списанието започнува со уводник на македонски „Од наредилницана“, пренесен и на руски јазик. Веднаш по рускиот превод на уводникот објавена е песната „Патник“ од Петар Прерадовиќ, што претставува прв превод од хрватска поезија на македонски јазик. Носечки текст во првиот број е „Извикнува i н`ето и разбор на бугарцката и србцка теори i и за народноста на мак`едонците“. За жал, Мисирков во првиот број ја обработува само бугарската теорија, додека српската ја планира за вториот број, па ова негово видување никогаш не е објавено. Потоа, во првиот број на списаниото „Вардар“ следел етнографско-демографско-статистичкиот труд „Список села од i ужна Мак`едони i а (Пазарцко, Гевг`ели i цко и Кукушко)“ што го составил Мисирков како студент во 1900 година. За жал, направената „Об i аснителна забелешка за то i список и за Солунцкото равнишче, со плани i н`ето“ авторот најавува дека „к`е бидит дадена во друг`от бро i на Вардар“, кој никогаш не е составен и испечатен. Потоа следи рубриката „Народни песни“ со единствениот запис на народна песна од Мисирков, како и два записа на безнасловни песни од Ф. Николов. На крајот е рубриката „Современ живот“ во која Мисирков објавува два кратки, непотпишани хроничарски записи за Македонија и Русија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во своето списание „Вардар“ (1905) Мисирков ги редува појавувањата на теориите за народноста на Македонците: таму пишува, дека најпрвин се оформила бугарската, после грчката и најназад српската. Македонската теорија воопшто не ја приклучува кон овој редослед, како нешто што е автохтон развиток и надвор од пропагандите.

Понатамошното излегување на списанието „Вардар“ би имало големо значење и влијание врз понатамошниот развој на настаните, но од различни причини тоа е спречено. Соседните пропаганди, Руската револуција, која во тој период особено се одразила во Одеса била дополнителна пречка.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace