Едно од поангажираните основни училишта во нашиот регион во моментот е училиштето Св. Климент Охридски во Облешево кое што може да се пофали со повеќе проекти кои што започнале да се реализираат од почетокот на оваа учебна година. Предизвиците на локалните власти на општина Чешиново=Облешево се големи но со посветена работа на градоначалникот и негвиот тим на соработници локалните власти успеваат да покажат забележителни успеси во работата.
Токму таков е менаџерскиот тим на Основното Општинско Училиште Св. Климент Охридски во Облешево кој под раководство на ВД директорот Јорданчо Костадинов реализира повеќе проекти за подобрување на воспитно-наставниот процес во училиштето.
“Од почетокот на оваа учебна година, со промената во директорскиот кадар во ООУ Климент Охридски –Облешево, се започна со реализација на првиот проект на новиот ВД Директор Јорданче Костадинов – Продолжен престој за учениците од 1 до 3 одд . од централното и четирите подрачни училишта од селата Кучичино,Чифлик,Бање и Теранци.
Со оглед на повеќе клучни аспекти (педагошки, психолошки, социјални) и пред се водени од потребата на родителите и учениците, помалите ученици да бидат згрижени во училиштето до 16 часот, училиштето има обврска да помогне во поуспешно и поквалитетно воспитание и образование на учениците, со прифаќање и организирање на продолжен престој за учениците. Вложивме во уредување на поголема просторија со катче за одмор и земање ужинка, убаво уреден двор со мини парк и училница на отворено (амфитеатар), спортска сала, кабинети по ликовно, музичко и др.вештини, кои ќе овозможат учениците да се чувствуваат пријатно и во целост да ја завршуваат наставниот план и програма.

Интересот за згрижување и прифакање на учениците во продолжениот престој е навистина голем и се размислува за во иднина зголемување на паралелки од ваков тип и за повозрасни категории ученици. Исто така вреди да се напомене дека менаџерскиот тим во училиштето работи на реализација на повеќе нови проекти во подобрување на условите за работа и квалитетот на наставата во училиштето:
– Заменети се застарените светилки со нови лед-штедливи.
– Обезбедена вода за пиеење со диспанзери за вода.
– Подигнати се јарболи за државните симболи и се започна со интонирање на истите пред почетокот на наставата.
– Опремени се кабинети по ликовно обр.,музичко обр.,ФЗО и природни науки со што значително е подобрен наставниот процес,
-во тек е подготовка на тех.документација за изработка на проект за промена на кровната конструкција и поставување на фотоволтаични панели,
како и повеќе други проекти.”
-информираат од менаџерскиот тим на училиштето предводен од директорот Јорданчо Костадинов.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Кривична против штипјанец кој незаконски изведувал огномети на подрачјето на Штип
Жител на Пехчево го запалил возилото на свој сограѓанин
Лишен од слобода кочанчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол