БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Првиот  ден од 2024 година – градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов на средба со дежурните служби

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, првиот ден во Новата 2024 година ги посети службите надлежни за редот и безбедноста за време на празниците.

На средбата со началникот на кочанското Одделение за внатрешни работи Горан Сандевски и со командири од ОВР,  беше истакнато дека преодот од 2023 во Новата година поминал главно без инциденти на подрачјето на Кочани. Службите интервенирале на мала сообраќајна несреќа од која имало само материјална штета.

Градоначалникот Папазов ја посети и Територијалната противпожарна единица во Кочани, од каде беше информиран дека новогодишната ноќ поминала мирно, без интервенции. Командирот на ТППЕ Драган Апостолов информираше за подготвеноста за интервенции во зимски услови.Честитајќи им ја Новата 2024 година, градоначалникот Папазов повика на одговорност од службите, а упати апел за совесно однесување од страна на сите граѓани.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace