Здружението на наставници по Македониски јазик, литература и култура од земји низ целиот свет на најубав можен начин ја честитаат новата 2024 година и Божиќните празници.
Овие горди репрезенти и носители на Македонскиот идентитет во странските земји каде што живеат и работат на целокупната Македонска и светска јавност им покажуваат како се сака и се создава за својата татковина без разлика што нивните животни патишта ги однеле во туѓина.
По повод новогодишните и божиќни празници објавија видео на кое се застапени дечиња-ученици кои штоп во текот на цела година работат и учат Македонски јазик и култура заедно со нивните ментори.
Од Австралија, Канада, Европа, Балканот наставниците по Македонски јазик создале иднина за зачувување и развој на Македонскиот јазик и култура помеѓу Македонците секаде каде што ги има на сите светски меридијани.
Плодот на нивната работа може да се види во видеото во продолжение:
Да се биде Македонец и Македонка надвор од географските граници на својата земја со себе носи многу предизвици. Како наставници и професори по македонски јазик сегашноста ни нуди да бараме начини и модели за тоа како да дејствуваме како просветни работници во земјите во кои што живееме и да дејствуваме во насока на зачувување на македонскиот јазик. Ние, ги учиме нашите ученици да зборуваат на македонски јазик, ги учиме да пишуваат со кирилично писмо, ги учиме како се сака и почитува нашиот фолклор и што е традиција. Нашата задача е многу одговорна и благородна. Да им јa пренесеме љубовта кон земјата од која потекнуваат, да бидеме мостот по кој тие уште од најраното детство ќе чекорат храбро и гордо. Да ги научиме да знаат колку е важно да се идентификуваат себе си, колку е голема нашата земја надвор од нејзините граници и дека е важно да знаат да ја имаат душата на својот народ и добрината на истиот.
Здружението на наставници по македонски јазик во светот во пресрет на еден од најубавите празници Божик подготви снимки од сите делови на светот. Наставниците и професорите со своите ученици подготвија свои снимки преку кои на македонски јазик испраќаат најубави желби. Учениците кои учествуваат во овој проект се среќни што зема учество и го даваат својот допринос. Погледенете ги учениците од Канада, Европа и Австралија. Се надеваме дека ќе ни се придружат и ќе не поддржат уште многу наши колеги и колешки.
Ние, како ментори на нашите ученици се надеваме дека љубовта со која тие го учат македонскиот јазик ќе расте и дека секоја нова учебна година во сите делови на светот ќе се отвараат нови училишта во кои ќе се учи и зборува на македонски јазик.
Нека пламенчето на надеж силно гори и ни го осветлува патот. Македонскиот јазик со сета своја убавина нека го учат и зборуваат сите Македонци каде и да се. Македонци во Македонија, Македонци во светот Ви посакуваме среќни празници.
Христос се роди! Вистина се роди!
„Здружение на наставници по македонски јазик во светот“
Кординатори на проектот:
– Ivana Brezovec, професорка по македонски јазик во Република Хрватска и
– Анастасија Гашко, професорка по македонски јазик во Сојузна Република Германија.
Видео монтажа: Kircho Anastasov
-стои во објава покрај видеото објавено на социјалните мрежи.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Нема откажување: Петиција за Враќање на уставното име Македонија
САД ќе останат во НАТО, но мора да бидат „посилни“, им порача Марко Рубио на своите 31 колеги
Кина е подготвена за војна со САД