БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ковачки: Додека не се реши статусот на семејствата на загинатите, нема да има Закон за вработените во одбраната.

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Додека не се реши статусот на семејствата на загинатите, нема да има Закон за вработените во одбраната.

Истиот го блокиравме со над 1500 амандмани.

Секогаш сме давале поддршка на нашите војници, полицајци, вработени во МО и МВР и безбедносни служби, но никогаш не сме се согласувале со лицемерието на раководствата на тие институции.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Не може да се глуми лажна загриженост дека се сака да се реши статусот на вработените во МО, а токму инвалидите од конфликтот и семејствата на тие кои државата ги прати да загинат да бидат на маргините.

Таква политичка шизофренија не признаваме.

Остануваме на дадениот став поврзан со решавањето на статусот на 10-тина семејствата на загинатите бранители од 2001 со Закон кој беше блокиран со злоупотреба од Талат Џафери.

Иако има само 2 члена во Законот и иако е поднесен на ,,чист” македонски јазик, до ден денешен истиот не е преведен.

*Досега СДС се извлекуваа дека од Талат Џафери зависело кога ќе се најде Законот на седница и истите не сакаа да направат притисок врз него.

Но, еве сега на крај на мандат, СДС има претседател на Собрание од неколку месеци и еве шанса да покажат колку се грижат за воените инвалиди и за семејствата на луѓето кои државата ги прати да загинат.

**Ајде да ја ублажиме голготата на тие луѓе, а после тоа се обврзуваме дека Законот за вработени во одбрана ќе го донесеме експресно со мали усогласувања за кои имаме разбирање со власта во заминување.

-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на пратеникот Драган Ковачки.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace