БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски: Македонскиот народ е единствен во Европа кој и покрај сите отстапки се уште е во ходникот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска пред почетокот на Конференцијата на Паневропската Унија на Македонија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски даде своја изјава за медиумите која се однесува на евроинтегративните процеси на државата:

Посебна чест и задоволство е што денеска ќе бидам дел од овој прекрасен настан кој што го организира Паневропската унија на Македонија. 

Голема благодарност до амбасадорот Лепавцов, кој што не покани, кој што вложи голема енергија да ова изгледа вака како што изгледа. 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Имаме навистина еминентни гости, еминентни панелисти, очекувам квалитетна дискусија. 

Очекувам секој објективно да го презентира својот став. Јас денеска ќе зборувам за предизвиците со кои што се соочи македонскиот народ и Македонија на тој пат кон ЕУ, предизвици кои што ниту еден народ во Европа ги немаше. Ниту една држава која што претходно беше дел од поранешниот Варшавски блок ги немаше, како што тоа го имаше македонскиот народ, да биде уценувана, да биде шиканирана, да и биде ставано вето за причини кои што немаат никаква врска со Копенхагешките критериуми, туку исклучиво поради себични причини, атак и удар врз нејзиниот идентитет, култура, традиција, обичаи. 

И затоа кога зборуваме за заслугите кон патот на еден народ во современа Европа, антифашистичка Европа после Втората Светска Војна и припадноста кон европските вредности на самата ЕУ дефинирани од Аденауер, Шуман и Де Гаспери. Тогаш можам да кажам дека македонскиот народ е единствен во Европа кој што изминативе повеќе од две децении и покрај сите отстапки кои што ги направи за тие вредности и во името на тие вредности, се уште се наоѓа во ходникот. И поради хегемонистичкиот пристап за жал на одредени наши соседи и би рекол недоволната волја во рамките на самата ЕУ сепак се наоѓаме се уште во ходникот, а не можеме да преговараме бидејќи видовме кога има јасно изразена волја во самата ЕУ како се решаваат проблемите на последниот декемвриски самит. 

-рече денеска пред почетокот на оваа значајна конференција Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на која се афирмираат европските вредности.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace