БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Трипуновски: Во моментов немаме категорија на земјоделци коишто не се разочарани, потценети, ограбени и омаловажени

Пренеси го гласот

На промоцијата на предлог министрите и заменик министрите за Техничката влада која треба да биде изгласана во наредните неколку денови, свое обраќање имаше и Цветан Трипуновски кој од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде новиот Министер за земјоделие, шумарство и водостопанство.

Тој во обраќањето пред присутните на настанот зборуваше за дел од актуелните состојби во овој ресор како и предизвиците на чие надминување ќе работи тој во периодот до изборите во насока на обезбедување на фер и демокртатски изборен процес.

“Во моментов немаме категорија на земјоделци коишто не се разочарани, потценети, ограбени и омаловажени, независно дали се работи за тутунарите, за лозарите, за градинарите, за сточарите. Буквално нема категорија на земјоделци коишто изминативе шест ипол години не ја почувствува лошата политика на власта во делот на земјоделството.

Република Македонија од 2014 година има увезено храна во висина од 517 милиони евра додека во 2023 година само до 11-ти месец Македонија потрошила фантастични 887 милиони евра, а тоа е зголемување за над 70%, пари коишто можеле да останат во Република Македонија, кај македонските граѓани и македонските земјоделци или за овие шест ипол години колку што е СДСМ на власт Република Македонија потрошила повеќе од 5 милијарди евра за увоз на храна.

Она што сакам да го потенцирам, во наредните 100 дена како техничка влада јас многу добро знам со што ќе се соочиме во ресорот земјоделство, притисоците, уцените, злоупотребите и манипулациите на земјоделците како што тоа се случува изминативе 30-тина дена.

Jас како технички министер ќе дадам се од себе покрај ваквите случаеви и во други ситуации да ги заштитам интересите на македонските земјоделци за да се овозможи изборниот процес да биде во рамките на тоа што го задоволува правото и правните односи.”

bregalnickimarketing

-напиша на социјалните мрежи Цветан Трипуновски- Предлог Министер за земјоделие, шумарство и водостопанство од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Целото негово обраќање на настанот може да го погледнете во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот