“Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на српската етничка заедница во Република Македонија им го честитам празникот Свети Сава.
Значењето на овој ден посветен на првиот српски архиепископ и просветител, за српската етничка заедница има огромно духовно и културно значење, и неговото чествување во Македонија е доказ за взаемната почит и меѓусебно разбирање меѓу граѓаните без оглед на нивните разлики.
Толеранцијата и соживотот се вековна традиција која се негува во нашата заедничка Татковина. Токму довербата и уважувањето меѓу двата народи, српскиот и македонскиот, се најцврстиот мост на пријателство кој може да се изгради. Нивната лојалност е доказ за тоа како се придонесува и гради државата.
Во исто време и тие како и сите останати граѓани ја споделуваат истата мака од секојдневието, лошиот стандард и живеачка. Во Македонија никогаш не се живеело толку лошо и толку сиромашно.
Затоа се потребни промени и голема надеж. Промените доаѓаат и тие зависат од секој еден човек.
Ви посакувам честит празник со желби за многу за здравје и среќа, но пред се желба за успеси и подобра иднина, која мораме заедно да ја градиме и за која мораме заедно да се бориме.”
-стои во честитката на Претседатечлот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упатена до јавноста.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!