Заедно со информацијата на министерот за внатрешни работи во оставка Оливер Спасовски дека МВР привела повеќе осомничени лица за шверц со дрога (т.н. група Грчец) тој пренесе дека луѓе од МВР и од други институции биле дел од синџирот кој што вршел противзаконски дејства во рамки на таа поголема организирана гурпа.
Во изминатиот период опозициската ВМРО-ДПМНЕ алармираше за постоење индиции за шверц со дрога во Делчево која масовна распространетост предизвикува загрозување на безбедноста и здравјето на граѓаните на оваа погранична општина на истокот од државата.
Во текот на денешниот ден од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево преку социјалните мрежи повторно се обратија во јавноста со прашање со цел за подигање на свесноста кај надлежните за постоење на проблемот со присуството на дрога во Делчево:
ЌДали мрежата на нарко картелот има свои пипци и во Делчево?
Добро е ако нашите реакции и апели како политичка партија од Делчево го разбудија Оливер Спасовски после повеќе од 6 години министерски сон. Лошо е што направената штета во животите на многу млади сограѓани е непоправлива!
Никогаш не било полошо!
Одговорност ќе има!”
-реагираа од ВМРО-ДПМНЕ Делчево преку социјалните мрежи.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајден хероин во дом на жител од Свети Николе
Кривична пријава за 4 жители на Крива Паланка
150 студентки, отворени предавања и силна порака од dm по повод Светскиот ден на менструалната хигиена