Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Аларм за присуството на дрога во Делчево и околниот регион

Пренеси го гласот

На прес конференција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од општинскиот Комитет во Делчево реагираа на алармантната состојба за присуството на дрога во Делчево и околниот регион.

“Почитувани, колку и да сакаме да внесеме доза на оптимизам во јавноста, власта на СДСМ во Делчево тоа не го дозволува.

Алармантни се податоците од официјалните извори на МВР за видовите и количеството на дрога кое гравитира  низ Делчево и останатиот дел од регионот.

Јавноста е сведок на информации за присуство “на кафеава прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, бела прашкаста материја, предмети со остатоци од бела материја, дигитална вага…” што е информација извадена од само еден дневен билтен на МВР.

Голем број граѓани реагираат до нас како политичка партија дека јавна тајна во Делчево е локалот каде може да се набави дрога.

Пред се наша морална обврска а потоа и граѓанска должност е да алармираме во јавност за ваквата состојба и да ги охрабриме надлежните институции да вложат поголем напор во справувањето со оваа закоана која уништува млади животи на иднината на нашата општина.

За репресивниот елемент за справување на оваа алармантна состојба надлежни се МВР, но тука никако не е исклучени и надлежноста на Јавното обвинителство, Центарот за социјални работи в Делчево, Општина Делчево и училиштата во општината кои што се под целосна контрола на функционери на СДСМ.

bregalnickimarketing

Потребно е повисоко ниво на организација, кооординација и превземање на конкретни активности за превенција, спречување и борба против зголеменото количество на дрога и наркотични сретства за кои јавуваат надлежните.

Станува збор за безбедноста и здравјето на нашите најмили и сите надлежни органи треба максимално да бидат посветени.”

-стои во текстот на прес конференцијата на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево Иван Гоцевски.

Креирано од:


Пренеси го гласот