Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференцијата за акцијата во коа беа уапсени повеќе лица синоќа, соопшти дека истрагата утврдила поврзаност на вработени во МВР, министерства, судови и јавни обвинителства со припадниците на уапсената криминална група од Грчец.
-Утврдивме лица од институции на државата кои ги пренесувале податоците, односно биле соработници на криминалните активности на групата. Ова е почетокот на чистењето на криминалните структури во системот и јакнење на довербата кај граѓаните. Ќе бидете сведоци во наредниот период за нови активности, некогаш ќе бидете и зачудени од имињата, но правдата мора да го стигне секого. Има инволвирани во многу институции, и во МВР и во други агенции и во министерства и во судови, и во јавни обвинителства. Затоа реков, можеби ќе се зачудите во наредниот период, но тоа еднаш мора да излезе на виделина и да се покаже кои се тие кои во одреден момент велеа „држете го крадецот“, рече министерот Спасовски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајден хероин во дом на жител од Свети Николе
Кривична пријава за 4 жители на Крива Паланка
150 студентки, отворени предавања и силна порака од dm по повод Светскиот ден на менструалната хигиена