БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Средба на Министерот Тошковски со амбасадорката на Германија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за внатрепни работи на Република Македонија Панчле Тошковски денеска имаше работна средба со амбасадорката на СР Германија во Скопје НЕ Петра Дрекслер.

На средбата било разговарано за напорите на министерот и министерството за обезбедување на фер и демократски процес на изборите како и повеќе процеси во рамки на ингеренциите на министерството.

“Денес остварив работна средба со aмбасадорката на Сојузна Република Германија Н.Е. Петра Дрекслер.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На средбата ја запознав амбасадорката Дрекслер за начинот на функционирање на МВР во техничката Влада, кое има голема улога и одговорност во спроведувањето на изборите кои ни претстојат, а во таа насока ги претставив приоритетите за остварување на заедничката цел – фер и демократски избори.

Во тој контекст, истакнав дека неприфаќањето од страна на владата во рамки на поставувањето на 15 раководни работници во министерството, да поставам началник на СВР Тетово, останува црна дамка која се коси со мојата улога да гарантирам фер и демократски безбеден процес во тој регион на надлежност.

Воедно, ги образложив преземените мерки со цел ублажување на процедурите за издавање на лични документи и ја образложив потребата од итно носење на измени во Законот за патни исправи по примерот на оној со возачките дозволи во делот на запазување на техничките рокови со цел навремено спроведување на потребните процедури за набавка на патни исправи и секако почитување на меѓународното право и основното човеково право на слободата на движење.

На средбата, амбасадорката Дрекслер изрази загриженост за големиот број македонски државјани кои не поседуваат нови патни исправи, а кои се на привремена работа во Германија. Оваа категорија луѓе доколку одлучат да се вратат назад со цел вадење нова патна исправа и доколку не успеат навремено да ја извадат заради техничката неможност во моментов, не би можеле да се вратат назад во СР Германија со старата патна исправа. За ова прашање, повторно истакнав дека во моментов единственото решение е носењето на измените на Законот за патни исправи.”

-соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace