Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево во јавноста упати своја реакција преку социјалните мрежи во врска со состојбата со хигиената во Здравниот Дом Гоце Делчев во Делчево.
“Пациентите на ЈЗУ”Гоце Делчев” Делчево загрижени реагираат до нас!
Дали животот кој го ветувавте го замислувате вака?!
Со загрозување на здравјето на нашите граѓани?
Оваа депонија ја украсува внатрешноста на здравствениот дом во Делчево. Во ѓубре и лоша миризба која се шири низ цел здравствен дом, се лечат нашите граѓани. Фотографиите се направени од пациенти кои се ужаснати од оваа глетка. За криминал по клиниките веќе го достигнавте врвот, заслужено. Но оваа не хигиена и ширење на зарази во места каде треба граѓаните да престојуваат во чисти и дезинфицирани простории е дното на една неспособност која за наша среќа е во заминување.
Директоре Ѓорѓевски!
СРАМ се овие фотографии од болницата со која раководите. Еден здравствен дом треба да е пример за хигиена , а не и те како напатениот народ кој тргнал по тие врати да лечи едно , да се плаши и од други дополнителни зарази.
Ние сме далеку од просперитетна држава, далеку сме од влезот во ЕУ, далеку сме од нормални услови за живот кој со години ни се скратени од вашето владеење.”
-стои во интегралниот текст на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајдена марихуана кај 17 годишник од Штип по што лицето било приведено
67 годишен жител на Кочани лишен од слобода по претходна пријава од сопругата за упатување закани
43 годишна жена од Берово физички нападната од нејзиниот сопруг