БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Елена Петрова: Со превземање на власта по изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе го реши статусот на лажаните 1117 лица кои со години власта на СДСМ и ДУИ ги влечкала со договори на дело

Пренеси го гласот

“Денес имав средба со Боби Бојчевски – национален координатор во Независниот синдикат на здравствени работници, Гоце Делчев Тодев – генерален координатор на конфедерацијата на синдикални организации на Македонија КСОМ и Лазо Костовски – претседател на Независниот синдикат во геријатрија. Претставниците на синдикатот истакнаа дека повеќе од шест месеци барале прием од надлежните раководни лица во државата, меѓутоа не добиле никаков одговор. На средбата разговаравме за статусот на здравствените работници и помошно-техничкиот персонал во јавното здравство кои се ангажирани со договор на дело.

Разговаравме во однос на наводите дека барањата за согласности за вработување на 1,117 лица од јавното здравство се закочени од Дополнителната министерка за финансии. Во врска со тоа, ги информирав дека од вкупно 168 барања кои се однесуваат за 1,244 лица кои беа доставени во мојот кабинет, само 20 барања кои се однесуваат за 244 лица во Министерството за финансии се примени после моето назначување. Ги информирав претставниците на Синдикатот дека јас не сум пречка за потпишување на согласностите, како што погрешно биле информирани од страна на некои раководители на здравствените установи, бидејќи Државната изборна комисија по барање на министерот за финансии на ден 10/02/2024 год. донесе Одлука дека само Министерот за финансии Фатмир Бесими е исклучиво надлежен за потпишување на согласностите за вработување, без врзан потпис со Дополнителниот заменик министер за финансии.

Вистината за 1,117 здравствени работници и помошно-технички персонал во јавното здравство, која е следната:

Овие лица подолг временски период биле ангажирани со договори за дело кои истекле до 31/12/2023 година или се пред истекување. Ако постоела волја да им се реши статусот, истото ќе се направело, како што порано беше решен статусот на над 2,000 лица, во постапка според Законот за трансформација во редовен работниот однос, со кој им се регулираше работниот однос само на лица кои веќе биле ангажирани со договор за дело.

Од јули 2023 година, надлежните институции – Министерство за здравство, Фонд за здравствено осигурување и Министерство за финансии меѓу себе играле „пинг-понг″ и си ја префрлале топката, за вработувањето на овие лица, знаејќи дека истекува мандатот на Владата, со реален ризик или намера да не се реши прашањето заради краткиот временски период.

Избраниот модел за решавање на работниот однос на овие лица, како што информираше и Маја Манолева, беше со донесување на Одлука на Владата за вработување на неопределено време на вкупно 1,117 лица, здравствени и помошно-технички работници, наместо со трансформација на работниот однос како во претходните години како модел со кој беше решен статусот на над 2,000 лица. Оваа Одлука е донесена на 28/12/2023 год., кога веќе беше договорен датумот на одржување на претседателските и парламентарните избори и формирањето на преодната Влада, значи, на самиот крај на функцијата на политичката Влада која ја донесе оваа Одлука.

Да повториме, според добиени информации, во тој момент веќе биле завршени или пред истекот договорите за дело за ангажирање на овие 1,117 лица.

Оваа Одлука за вработување на 1,117 лица треба да се спроведе преку јавни огласи, што значи дека овие работни места можат да бидат пополнети со било кои лица, а не само со оние кои веќе биле ангажирани по договор за дело.

Исто така, процесот за спроведување на оваа Одлука со јавни огласи е временски подолг и вклучува повеќе институции, и тоа соодветните здравствени установи, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и Министерството за финансии, после што може да започнат јавните огласи по кои ќе следува пријавувањето, па изборот на кандидати, кои, повторуваме, може да бидат било кои лица што ќе се пријават. Овде се поставува прашањето, имајќи го во предвид овој подолг процес, како и ноторниот факт дека со распишување на изборите започнатите постапки за вработување се прекинуваат, дали властите користат тактика за добивање политички поени, на сметка на решавањето на статусот на овие лица знаејќи дека овој процес не може да заврши?

Спорен е и моментот каде Министерството за финансии, на два-три дена пред формирањето на преодната Влада и пред моето назначување за Дополнителен заменик министер за финансии, селективно издало согласности за вработување само за две јавни здравствени установи – Клиничка болница Тетово за вработување на 108 лица и Општа болница Струга за вработување на 21 лица, па овие јавни установи ги започнале постапките со објавување на јавните огласи, што секако не гарантира вработување на лицата кои биле ангажирани по договор за дело.

Министерството за финансии имаше можност и време да го направи истото и за другите здравствени установи, и пред и по формирањето на преодната Влада, бидејќи на 10/02/2024 год. доби мислење од Државната изборна комисија дека само Министерот за финансии Фатмир Бесими и исклучиво тој е надлежен за потпишување на согласностите за вработување, без врзан потпис со Дополнителниот заменик министер за финансии. Но, повторуваме, ова не е вистинскиот начин на решавање на статусот на овие лица, бидејќи не гарантира дека ќе бидат вработени точно тие лица од групата 1,117 кои имале договор за дело, односно секој што конкурирал и што исполнува услови може да биде избран.

bregalnickimarketing

Јавноста и засегнатите лица треба да бидат информирани со оваа вистина за преземените, односно непреземените дејствија за решавање на статусот на 1,117 лица ангажирани по договор за дело во јавното здравство. По изјавата на заменик министерката Манолева, се заклучува дека властите чекале на доаѓањето на Дополнителниот заменик министер за финансии за да го користат како изговор дека е пречката за забавување на процесот, иако вистината е дека не презеле ништо, иако имале доволно време (години назад) и механизам за решавање (законско решение за трансформирање нав работен однос).

Ова е прашање што го засега целото општество, по доаѓaњето на власт на ВМРО-ДПМНЕ ние ќе го решиме ова прашање.”

-интегрален текст на соопштение упатено преку социјалните мрежи од страна на заменик министерката за финансии Елена Петрова.

Креирано од:


Пренеси го гласот