На вчерашната расправа за ребалансот за буџетот пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски потенцираше дека со овој ребаланс на буџетот за 2018 оваа Влада докажа дека тие се влада само за едно прашање, алудирајќи на спорот за името.

-Владата на СДСМ сама го донесе буџетот за 2018 година кои сами го имаа планирано и за која носат целосна одговорност. Но, ако претходно можеа да се вадат дека наследиле буџет од претходната влада, ако можат претходно да се вадат дека имало избори, и кризна година и сите оние случувања кои беа актуелни во државата, 2018 година е буџет кои сами го планираа и требаше сами да го реализираат. Буџетот во кој ветуваа и требаше да донесат 500 евра просечна плата, 100.000 денари плата на докторите, поврат на ДДВ и други предизборни ветувања
– истакна Мицовски.
На сето ова Мицовски потсети дека наместо сето ова, граѓаните на Република Македонија добија покачена акциза и продолжување на проектите од претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ за кои тие велеа дека се проблематични.
-Во почетокот на 2018 година се случи нов шок во економијата, а тоа ниска реализција на капиталните инвестиции. По крајот на првиот квартал излезе извештајот за растот кој беше 0.1 процент,
потсети Мицовски.
Тој потсети дека на владата предводена од СДСМ и биле потребни месеци за да го пушти автопатот Скопје- Демир Капија, веќе година и пол не можат да го пуштат во употреба патот Миладиновци-Штип чие пуштање е одложено веќе неколку пати.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола
Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово
Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене