Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во денешното гостување во емисијата Јади бурек на ТВ Сонце, ексклузивно откри нов вид на политичко обединување наречено „Македонска платформа“ која ќе има за цел зачувување на Република Македонија.
“Македонска платформа ќе значи еден нов вид на политичко обединување во Република Македонија која што нема да се стандардни познати коалиции помеѓу една голема и 20-тина помали политички партии, туку е една форма на обединување на сите слободномислечки индивидуи, формални групи во смисла на невладини организации или здруженија на граѓани, неформални групи во смисла збир на луѓе, кои што мислат добро на Република Македонија, со кои што не мора целосно да се слагаме за се, но имаме неколку јасни основни принципи и постулати,”
-вели Николоски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!