БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ковачки со впечатлив говор на конвенцијата за промоција на кандидатите за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Драган Ковачки кој што е носител на кандидатската листа за пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Третата изборна единица имаше свое обраќање пред присутните во салата на конвенцијата за промоција на кандидатските листи која што се одржа во текот на вчерашниот ден.

Тој во своето обраќање ја изрази својата убеденост дека следува двојна победа на ВМРО-ДПМНЕ како на изборите за Претседател на 24 така и на 8 мај на Парламентарните и втор круг од претседателските избори.

“Огромна чест и задоволство е што ја предводам Изборната единица 3. Огромна е честа да се предводи победничката листа – спој на искуство и знаење, младост и енергија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Испраќам порака до сите граѓани кои денеска не се тука со Нас. Одлуката е во Вашите раце.

Вие одлучувате за Влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе работи одговорно, посветено, мотивирано, чесно и транспарентно и во интерес на граѓаните, наспроти Влада на ДУИ и СДС каква што имавме изминатите 7 години, на порази, на неправди, на национални понижувања, на предавства, Влада на криминал и корупција, Влада за продолжување на агонијата.

Ова мора да се промени.

Овие избори се последната шанса за промени.

А промените се во твои раце!”

-напиша на фејсбук во прилог на видеото од своето обраќање пред присутните во салата Драган Ковачки.

Креирано од:


Пренеси го гласот