БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Честитка по повод католичкиот Велигден на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По повод Христовото Воскресение кое го слават припадниците на Католичка вероисповест Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати своја честитка преку социјалните мрежи:

“Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници кои го прославуваат Воскресението Христово според Грегоријанскиот календар им го честитам најголемиот христијански празник – Велигден.

Овој празник е симбол на надежта и новиот почеток, ден кога ја славиме победата на животот над смртта и победата на доброто над злото. Ова е празникот на верата во Бога и славата на Бога.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Како што нашиот Спасител покажа дека мирот и светлината може да ги победи страданието и темнината, така секој од нас може и мора да се бори за правдата, добродетелството и љубовта. Овие универзални вредности се патот по кој што треба да чекори секој човек за да го направи светот, својата земја и својот живот подобар и богоугоден.

Живееме во времиња на искушенија и предизвици, но Бог живее во нашите срца и тој може да ни помогне да ги направиме правите избори на крстосниците пред кои секојдневно сме исправени. Нашата волја, нашата вера и нашиот дух се нашата најголема сила, која сплотени можеме да ја искористиме за добри дела. Нека светлоста на овој ден биде водилката која сите нас ќе не води кон победите за подобро утре за нас, нашите поколенија и нашата татковина Македонија.

Благовеста за Христовото воскресение нека ги огрее срцата и домовите на сите верници.

Христос воскресе, навистина воскресе!”

-стои во честитката на Христијан Мицкоски- Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace