Имаме победничка програма за стабилна, сигурна и безбедна Македонија. Свесни сме за успехот и имаме план да го продолжиме. И од тоа не се откажуваме, истакна носителот на изборната листа на СДСМ во изборната единица два, Оливер Спасовски, на денешната промоција на Програмата за европска иднина и кандидатите за пратеници на СДСМ и коалицијата.
Спасовски нагласи дека СДСМ има бескомпромисна политичка волја, со нула толеранција за корупција и силна борба против секаков вид криминал.
-Само со задоволна полиција имаме безбедни граѓани, досега ги зголемивме платите за 35% и платите во безбедносниот сектор мора да продолжат да растат – за подобар материјален и социјален статус и повисок животен стандард на вработените. Императив за нас е унапредување на статусот на вработените, на работните услови, на воведување на нови полициски обуки, дигитализација и модернизација на процесите и опремата, нагласи Спасовски, додавајќи дека досега се реконструирани 82 полициски станици низ државата, а со нови хеликоптери повторно ќе се испише историја на опременост на воздухопловните единици.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајден хероин во дом на жител од Свети Николе
Кривична пријава за 4 жители на Крива Паланка
150 студентки, отворени предавања и силна порака од dm по повод Светскиот ден на менструалната хигиена