Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ утрово уште еднаш ги повика највисоките функционери во СДСМ на одговорност по вчерашната кривична пријава за функционер на СДСМ во Берово:
“Не видов никаква реакција од Сања Лукаревска и нејзиниот ко-носител Љупчо Николовски, ниту пак од осамениот Ковачевски, за советникот од СДС во Берово кој пуштал во употреба наркотични средства во ноќниот бар.
Ќе има ли оставки од морална одговорност или ќе потврдите дека моралот ви е слаба страна?
Ковачевски, дрогата е масовно проширена помеѓу младината, а ја шират ваши партиски функционери со поддршка на доскорешниот ви министер Спасовски Оливер.
* Ако мислите дека ќе одмолчите и дека со друг скандал ќе го покриете труењето на децата со дрога, се лажете.
Јас нема да заборавам. Ќе ве прашувам секој ден.
#СтопНаДрогата
#Промени“
-напиша на социјалните мрежи Драган Ковачки- член иа ИК на ВМРО-ДПМНЕ

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар