Овие денови повторно е актуелно „братољубието“ од нашите „браќа“ Бугарите и „меѓусебното почитување“ кое исплива на површина, па затоа со овој пост, (и неколку следни) извадок од публикација на проф. Ванчо Ѓорѓиев, во кој се презентирани изјави од официјални бугарски личпности и претставници на институции во врска со македонскиот идентитет, кои недвосмислено потврдуваат дека претставниците на официјалните бугарски институции биле свесни за посебниот македонски идентитет иако официјално ја застапувале тезата за бугарскиот карактер на Македонија, ги поздравувам СИТЕ оние т.н. македонци кои „верглаат“ дека сме „един народ“, односно дека МАКЕДОНЕЦОТ И БУГАРИНОТ СЕ БРАЌА, КОИ ИЗЛЕГЛЕ ОД ЕДНА ИСТА ЦИВИЛИЗАЦИСКА ЛУЛКА.
Фердинанд I Саксобурготски (1861-1948), германски принц и кнез на Бугарија (1887-1908) а потоа и цар на Бугарија (1908-1918), по меѓународнот признавање во 1896 г. превзел широка „турнеја“ низ Европа која започнала од Цариград (види: Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или смрт. Македонско револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает (1893-1903), Скопје, 2003, 39). Фердинанд во Цариград остварил бројни средби со официјалните османски лица и повеќе претставници на дипломатскиот кор. На 6. IV 1896 г., се сретнал со српскиот дипломатски претставник Владан Ѓорѓевиќ (Михајло Војводић, Србија у међународним односима крајем XIX и почетком XX века, Београд, 1988, 81-81). Притоа Фердинан ја истакнал потребата од српско-бугарско зближување за што главен проблем претставувале нивните спротивставени интереси во Македонија.
Во разговорот Фердинанд потенцирал дека додека Србите и Бугарите се разправале за „РАЖЕНОТ “, „ЗАЈАКОТ СЕ’ УШТЕ БИЛ В ШУМА“ (Државен архив на Р. Македонија (ДАРМ), ф. Политичко Одделение (ПО), мф. 446, Пов. Но. 228, Цариград, 26. III 1896).
Во контекст на тоа Фердинанд истакнал: „Во Македонија, главната маса од населението ниту се Бугари, ниту Срби, туку Словени и христијани, кои зборуваат јазик подеднакво далечен или ако сакате подеднакво близок на српскиот и на бугарскиот јазик, но, јазик кој е посебен дијалект, ако не и посебен јазик.“ (Државен архив на Р. Македонија (ДАРМ), ф. Политичко Одделение (ПО), мф. 446, Пов. Но. 228, Цариград, 26. III 1896).
Автор: Ванчо Ѓорѓиев – „Неофицијални ставови од официјални бугарски личности и институции за македонскиот идентитет од крајот на XIX и почетокот на XX век.“

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Последниот пишувач на љубовни писма
Алекс Букарски: Последното сонце на михољско лето
Алекс Букарски: Час