БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

По повод 119 години од смртта на Никола Карев – откриена спомен-биста во училишниот двор

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По повод 119-годишнината од смртта на македонскиот револуционер и претседател на Крушевската Република, Никола Карев, денеска градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов и повеќе делегации положија свежо цвеќе на споменикот на Карев во Паркот на Револуцијата во Кочани.

Одбележувањето на патрониот  празник на ООУ „Никола Карев“ годинава беше под знакот на поставувањето на спомен-обележје во училишниот двор.

– Од 1993 година нашето училиште го носи името на Никола Карев. Нам ни припадна честа да ја реализираме иницијативата да се постави спомен-обележје во кругот на училиштето. Бистата ја изработи и ја донираше скулпторот Борче Србиновски, за што упатуваме голема благодарност – истакна Александар Андов, директор на ОУ „Никола Карев“.На откривањето на бистата на Карев присуствуваа ученици, вработени, граѓани и претставници од централната и локалната власт, кои положија свежо цвеќе и му оддадоа почит на големиот македонски револуционер. 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace


Ученици од подрачното училиште во с. Тркање приредија рецитал, а делегации од Општина Кочани, Советот на Општина Кочани и од училиштето положија свежо цвеќе и на спомен-обележјето на Никола Карев на влезот во Кочани.Делегации од општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево, претставници на Патриотскиот институт „Гоце Делчев“ и на политички партии, граѓани и функционери го посетија спомен-обележјето на Никола Карев во месноста Свиланово, во близина на селото Рајчани. Тие положија свежо цвеќе и се поклонија на местото каде што загинал Карев. 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace