Еден од твитерџиите кои ги следам на мрежата што сега се вика Х е познат под прекарот „Етиопско бело“. Неговото името е Хуан Виема Мартинез, и пишува многу за Етиопија. Но, што е чудно, и за Македонија. Навистина е знам зошто.
Една од неговите неодамнешни објави беше прекрасна фотографија од кривулеста калдрмена уличка во Охрид, со карактеристична охридска архитектура од двете страни на улицата и висечки саксии со шарени цвеќиња кои го водеа погледот кон светло синото небо набрано со лебдечки облаци. Само што ја видов фотографијата, направена во некој пролетен ден во Охрид, на лицето ми дојде насмевка. Хуан напишал „Разведри се, Македонијо! на фотографијата, нудејќи малку кураж за сите кои ќе ја видат.
Во Македонија во тек се избори, и тоа не само едни избори, туку два, за претседател и за Собранието. Во изминатите повеќе од седум години, Македонија беше управувана од една страна, од кукавичка, безумна, безнадежна и, на крајот, преплашена партија, која се осмелува да го носи името „Македонија“ во нејзиното име, а нивниот поважен партнер е злонамерна, корумпирана, гневна партија произлезена од терористичка организација која многу сака да се претставува како да е жртва. Овие две партии и донесоа срам на Македонија, го дадоа името, идентитетот, историјата на Македонија и многу повеќе, а за возврат добија многу малку. И сепак, продолжуваат да тврдат дека „има само еден пат“ како треба да се прават работите, ефективно ја прекинуваат секоја дебата и тврдат дека кој било друг пат е „проруски“. Лаги, куп лаги.
Пред да стане премиер, Винстон Черчил го напишал следново за „Александар Македонки: Александар забележал дека луѓето од Азија биле робови затоа што не научиле да го изговорат зборот „не“.
Дали во текот на изминатите мачни седум години Македонците научија да го кажат зборот „не“, и да им го кажат на оние политичари, неизбрани бирократи и дипломати и кои прават голема штета на Македонија? Во изминатите седум и повеќе години Македонците добија повисоко ниво на корупција, уназадување на владеењето на правото, отворен гангстеризам и криминал, опаѓање на животниот стандард, распад на здравствениот и образовниот систем и влошување на меѓуетничките односи (ова се само дел од неуспесите што се случија), а да не зборуваме за срамот, и губењето на гордоста која доаѓаше со тоа да се биде Македонец.
Време е да им кажеме „не“ на оние кои ја доведоа Македонија до оваа точка. Време е да кажеме „не“ за оние кои со своите минати постапки докажаа дека нивните идни постапки ќе резултираат со уште повеќе неуспеси. Време е да им кажеме „не“ на оние кои ја газат гордоста и минатото на Македонија и Македонците. Време е да им кажеме „не“ на деструктивната политика на една партија потчинета на една друга партија која наводно е „помалиот“ коалициски партнер, а која ужива да заглибува во корупција додека ги раздава последните остатоци од се што е и треба да биде „македонско“.
Во овој момент, можеби ќе се запрашате зошто оваа колумна е насловена „Разведри се, Македонијо!“
Причината е во тоа што сега ја имате можноста не само да кажете „не“ на гореспоменатите поединци кои ја поразија Македонија, и да им кажете „да“ на другите кои имаат докажано дека ја бранат Македонија и нејзините интереси, водат економски политики кои генерираат богатство и ги издигнуваат луѓето од сиромаштија, создаваат силни стандарди во образованието кои ќе ни бидат од полза во иднината на Македонија, на нејзините деца, го зајакнуваат здравствениот систем на државата преку обезбедување на здравствените потреби на сите граѓани на Македонија и многу повеќе.
Демократијата не гарантира добар исход, но треба да не брани од лош исход. Кога СДСМ/ДУИ ја презедоа контролата врз власта во 2017 година, во Македонија имаше многу кои си велеа „Ете, сега ќе се искачиме во сончевите полјани на НАТО и ЕУ и ќе доживееме просперитет каков што никогаш не сме виделе!“ Мал проблем е во тоа што ова не се случи. Во ред, Македонија е во НАТО, но по исклучително висока цена на вашето име, идентитет и многу повеќе. А ЕУ? Кога Бугарија виде што Грција доби, решија и тие да се приклучат на игранката. И наместо просперитет, добивме распростране корупција, криминал и многу повеќе.
Целиот текст може да го прочитате на https://substack.com/@macedoniancontentfarmers
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Кому му пречи соработката меѓу демохристијански народни влади во Европа?
Продолжуваме да живееме во славно срамно сиромашно (три-С) време…
Предлог мерка за заживување на земјоделието: Државата да додели 1200 хектари на пратениците и сите субвенции за да произведат храна за народот