Денешниот ден од кампањата за парламентарните избори носителот на листата за пратници во Третата изборна единица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “Твоја Македонија” Драган Ковачки заедно со вториот на листата Никола Мицевски го поминуваат помеѓу жителите на Крива Паланка.
Притоа тимот на Ковачки го посети рудникот “Булмак” (некогашен Тораница) каде што помеѓу раотниците и менаџментот имаа можност да се запознаат со лошите услови на стопанисување на овој стопански комплекс.
Во врска со оваа посета на социјалните мрежи се обрати Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Крива Паланка Емил Спасовски:
“
Утрово заедно со носителот на листата за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ-3, Драган Ковачки и координаторот на пратеничката група и кандидат за пратеник, Никола Мицевски бевме во посета на рудникот “БУЛМАК” поранешна “Тораница”.
![]()
Со раководството разговаравме за проблемите со кои се соочуваат, за недостатокот на квалификувана работна сила со која се соочува стопанството, законските недостатоци и нашите планови и програма со која ја бараме поддршката.
![]()
Со вредните рудари ги споделив моите ставови за минатото и иднината. Кажав дека имам две работи кои ме поврзуваат директно со нив, а тоа е мојот татко кој 16 години работел во рудникот “Тораница” од каде го издржувал семејство и за мојата инженерска професија која можеби некогаш во животот ќе ме однесе да работиме заеднички во ист тим.
![]()
Побаравме поддршка за престојните претседателски и парламентарни избори на 8ми Мај за да ја направиме Македонија повторно да биде горда и твоја ![]()
СРЕЌНО
“
-напиша на фејсбук Емил Спасовски

Носителот на кандидатската листа за пратеници Драган Ковачки на социјалните мрежи сподели повеќе фотографии од оваа посета.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Планинари, граѓани и службени лица на армијата и полицијата ќе маршираат заедно во чест на 150 годишнината од Разловечкото востание
Тече литературниот конкурс за 150 годишнината од кревањето на Разловечкото востание кој го распиша ЈЛБ “Илинден” Делчево
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (четврти дел): Школството и просветителскиот живот во село Разловци во минатото