![]()
Потпишав Декларација за Заложба за заедничка акција против нелегалната сеча и уништување на шумите во Република Македонија.
Се залагаме за:
• Поставување на заштитата на шумите високо на агендата на идните институционални чинители;
• Засилена заедничка акција против корупцијата во институциите задолжени за заштита на шумите и животната средина, преку доследна примена и унапредување на релевантната законска регулатива;
• Спречување на еколошкиот криминал, преку кој се уништуваат шумите и од каде се остварува значителна противправна материјална корист;
• Поддршка за обезбедување на иновативни системи како еколошки одржливи алтернативи за греење на дрва кај населението, кои би го обесхрабриле нелегалното сечење на шумите;
• Преземање активности во насока на спречување на појавата на подметнување шумски пожари и подигнување на јавната свест од негативните ефекти од унишувањето на шумите;
• Заштита на ранливото население од изложеност, вклученост и злоупотреба во организираното уништување на шумите преку обезбедување на системски мерки за социо-економска поддршка.
Извор: Фејсбук


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ВМРО-ДПМНЕ:Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината
Филипче: Без консензус нема укинување на техничката влада
Алиу: Со предлог измените на ЗЗЗ се вреднува знаењето, искуството и придонесот на здравствените работници со долгогодишно искуство