Уставниот суд денеска ја одржа 10. седница на која се дисутираше по пет иницијативи за оценување на уставност и законитост, одлучуваше по едно барање за заштита на слободите и правата и донесе две одлуки.
I- ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ
1. Реферат У.бр.63/2025
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на Закон за даночно ослободување со цел реализирање на Oдлуката за склучување на анекс на договорот за концесија за промена на намената на дел од средствата („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.87/2025).
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
2. Реферат У.бр.107/2025
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 64 став 7, член 96 став 2 алинеја 1, член 97 став 1 од Законот за вработените во Министерството за одбрана („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 53/2024).
Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 120 став 1 од Законот за вработените во Министерството за одбрана („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 53/2024).
Подносител на иницијативата: Николче Мушаревски
3.Реферат У.бр.118/2025
Поради недоволно мнозиство на гласови, Судот не донесе одлуки по предлозите на судијата-известител, што значи предметот останува отворен и ќе биде ставен на гласање на некоја од наредните седници.
Судот не поведе постапка за член 24 став 2 алинеја 3 од Законот за управни спорови („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/2019).
Подносител на иницијативата: Адвокат Бранко Радојчиќ
4. Реферат У.бр.175/2025
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на насловот и поднасловот „Агенција за квалитет во високото образование“ содржан во глава петта, оддел 3 и член 45 во целина и посебно став 1 во делот „стручен“ од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 82/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 154/2019, 178/2021, 58/2024 и 124/2025).
Подносител на инцијативата: Игорчо Точев
5. Реферат У.бр.186/2025
Судот поведе постапка за оценување на уставноста на член 34 од Законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 3/2025).
Подносител на инцијативата: Игорчо Точев
II- БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА
1. Реферат БЗСП бр.17/2025
Поради утврдување на дополнителни околности, судијата-известител побара предметот да биде повлечен од Дневен ред и по него да се дискутира на наредната седница.
Предмет на барањето:
Барањето е поднесено согласно член 110 алинеја 3 од Уставот во врска со забрана од дискриминација на граѓаните, по основ на социјална припадност
Подносител на барањето: Југослав Миленковиќ преку полномошник Жаклина Караниколова Пинзовска
2. Реферат БЗСП бр.18/2025
Судот го отфрли барањето на Ордан Крстевски и Светлана Барбина од Скопје за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот кои се однесуваат на правото на забрана на дискриминација.
Предмет на барањето: Заштита на слободите и правата на граѓаните согласно член 110 алинеја 3 од Уставот кои се однесуваат на правото на заштита од дискриминација.
III. ПРЕДЛОГ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКА
1. У.бр.145/2024
Судот го укина делот „како извршна исправа,“ од точка 2 став 2 од Заклучокот за утврдување на трошоците за извршување (образец бр. 21), од Правилникот за формата на налозите, заклучоците, записниците, барањата, службените белешки, потврдите и другите акти кои ги изготвува извршителот при преземањето на извршните дејствија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 90/2024).
Подносител на иницијативата: Оливер Давидовски
2. УЗ.бр.20/2025
Судот го укина член 114 став 1 точки 4 и 7 од Колективниот договор на Министерството за одбрана („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 36/2024).
Подносител: Александар Насковски, Мултиетнички синдикат Скопје


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ВМРО-ДПМНЕ:Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината
Филипче: Без консензус нема укинување на техничката влада
Алиу: Со предлог измените на ЗЗЗ се вреднува знаењето, искуството и придонесот на здравствените работници со долгогодишно искуство