Кандидатите за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ во Третата изборна единица со свој видео колаж упатија свои лични пораки и честитки на свој оригинален и автентичен начин по повод денешниот празник 1 Мај- Меѓународен ден на трудот.
“Се бориме за општество во кое сите луѓе ги уживаат…”
-вели Рашела Мизрахи на почеток од видеото.
“… и практикуваат основните човекови права.”
-продолжи Александар Јамалов од Велес.
“Овие права се кодифицирани во националното и меѓнародно право за труд и вработување”,
-рече Емил Спасовски од Крива Паланка.
“Ви го честитаме меѓународниот ден на трудот Први Мај”
-рече Никола Мицевски од Штип.
“Одбележувањето на денешниот празник за работниците од целиот свет е од голема значење…”,
–рече Драгана Арсова од Пробиштип.
“…бидејки овој ден е потсетник за страдањето и борбата…”
-рече Игор Здравковски од Велес.
“… на работничката класа за унапредување на своите права.”
-рече Драгана Бојковска.
“Првиот протест за осум часовно работно време е одржан во Австралија во 1856 година….”
-рече Марија Петрушевска од општина Петровец.
“На овие демонстрации кои полицијата се обидела да ги спречи…”
-рече Миле Лефков од Кочани.
“во Чикаго имаше жртви и голем број повредени демонстранти…”
-рече Даниела Христова од Виница.
“…во сеќавање на истите од 1890 година”
-рече Мартин Ефремовски од Чашка.
“Први Мај- Меѓународниот ден на трудот ширум светот се одбележува со протести за барање на поголеми работнички права.. “
-вели Благица Ласовска од Свети Николе.
“во нашата програма 1198 има значајни проекти за подобрување на живото а граѓаните.”
-рече Душко Христов од Штип.
“… за поголеми работнички права”,
-вели Столе Кракутовски од Берово.
“…за подостоинствен и поквалитетен живот на работниците”
-вели Јорданчо Костадинов од Чешиново-Облешево.
“Затоа ве повикувам масовно на 8 мај да не поддржите”
-вели Анкица Анакиева од Лозово.
“…и заеднички да ги донесеме промените и реформите”
-рече Љупчо Спиров од Кратово.
“За Македонија- повторно твоја”
-вели Гордана Барбашка од Карбинци.
“Обединети и сложни да ја донесеме големата победа за Македонија. Нека ни е честит Први Мај на сите.”,
-вели носителот на кандидатската листа за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ во Третата Изборна Единица Драган Ковачки од Делчево.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево
Починат 47 годишен жител на с. Лаки, виничко донесен во Брзата помош во Виница
Драган Ковачки во присуство на членови на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ одаде почит пред спомен плочата кај месноста Свиланово, кочанско каде загинал Никола Карев