Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево, Горанчо Тодоровски заедно со дел од своите соработници денеска од пред споменикот на Гоце Делчев во Делчево порача:

Денеска се навршуваат 147 години од раѓањето на идеологот на Македонското револуционерно движење, апостолот на Организацијата, Гоце Делчев. Тоа се 147 години надеж за слободна и независна Македонска држава, преточени во беспоштедна борба, непокор и револуционерно дело кое што е светол патоказ за денешните и идни генерации на Горди Македонци. Македонија денеска стои исправена пред огромни предизвици соочена со негаторски и деструктивни политики од домашни и странски фактори. Наша света должност е да работиме за опстанок и просперитетот на Македонскиот народ.
Овде од пред споменикот на Гоце Делчев во Делчево на денешниот ден можам да кажам дека Борбата за Македонија никогаш не престанува.
Вечно нека е делото!
Да живее Република Македонија!


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево