БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Незнаење, неспособност, несоодветно трошење на државни пари или обиди за засмејување на народот?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На социјалните мрежи подолг временски период можат да се забележат видео и фото материјали пропратени со разно-разни коментари кои се однесуваат на работата на надлежните за крпење на ударните дупки низ општините во Источна Македонија.

Сцените во кои од багажник на автомобили од хартиени вреќи се транспортира и разнесува асфалт по руинираните улици и патишта пополека станаа нормална работа.

Ова видео направено на сатиричен начин со цел за да предизвика промена на свеста кај надлежните го илустрира токму тоа. Сцените се направени некаде низ Кочани.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Оваа сцена во која во комби се транспортира асфалт кој се вградува на крајно несоодветен начин со тапкање со нога од страна на вработените лица е исто така уште една траги-комична ситуација која ја отсликува состојбата во која работат и функционираат државните институции.

Фотографијата е снимена некаде во Делчево.

Во продолжение ваквите ситуации се прикажани како реалност и во Штип.

Почитувани надлежни институции, постојат регии на асфалтните патишта каде што е можно санирање на ударните дупки. Местата каде што е распаднат-испукан и руиниран асфалтот на постојните сообраќајници во поголеми должини џабе ги санирате, затоа што со ваквата импровизација само ги фрлате буџетските пари за џабе, без да постигнете било каков ефект. За вакви делници потребно е санирање со поголеми асфалтни платна со што веќе не станува збор за т.н. “крпење на ударни дупки” туку реконструкција и рехабилитација на сообраќајници. Зависно од ситуацијата во вакви случаи некогаш е потребно и техничка документација врз основа на која ќе се изврши реконструкцијата на определената делница.

Санирањето на ударните дупки таму каде што е можно се прави врз основа на стручен надзор и лоцирање од страна на надлежни стручни лица. Откако ќе се лоцираат ваквите локации се преминува во обезбедувањее на локацијата и подготовка за санирање, со оформување на здрави ивици и рабови на постојниот асфалт со сечење на истите. Потоа се преминува во стабилизирање на тлото на местото каде е отстранет асфалтот па се нанесува битуменска емилзија прецизно на самите ивизи каде треба да се симулира некаков спој на стариот и новиот асфалт. Потоа се нанесува новиот асфалт во самите места за санација со температура на асфалтната смеса од 120-140 степени целзиусови.. Откако се нанесе смесата 1-2 cm над горниот раб на постојниот асфалт се врши набивање на самата смеса со вибро машини-валци.

Ваквата несоодветна работа илустрирана на фотографиите погоре, претставува несовесно, ненаменски и нестручно трошење на буџетските сретства на граѓаните, за што во нормална држава се сноси одговорност.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace