БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Реагираат и од Детската амбасада “Меѓаши” за загадувањето

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Децата не одат во училиште, болниците немаат слободни кревети затоа што отровниот смог го задушува Скопје. Поради ова малиот македонски град ја доби неславната титула за најзагаден главен град во Европа, посочува новинската агенција АФП.
– Ова е нехумано веќе. Се роди како здраво бебе, сè беше во ред. Сега најверојатно цел живот ќе се бори со астма – вели Марина, мајката што мораше да земе два месеца неплатен одмор од работа за да биде во болница со своето 16-месечно бебе Давид, кое прима терапија за тежок облик на астма, која е дополнително влошена поради загадениот воздух.

Бебето е едно од над 100-те деца што се лекуваат на Институтот за белодробни заболувања во Скопје, малиот град, кој има околу 500.000 жители. Најмладиот пациент има само два месеца. Многу е тешко да се добијат податоци во државата за бројот на деца на кои им е потребна медицинска нега поради загадувањето за воздухот.

Како одговор на тоа, Владата го продолжи зимскиот распуст за два дена за децата да не бидат изложени на загадениот воздух. Властите привремено ги стопираа градежните работи и јавниот превоз беше бесплатен за да се избегне користењето на автомобилите.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Но многу жители сметаат дека ваквите слаби мерки не ги решаваат главните причини за проблемот што со години го мачи главниот град.

– Два дена отсуство од настава за време на три месеци екстремно загадување се смета за сериозна мерка само во друг универзум. Постојано контактираме со болниците и со наставниците во училиштата, а ова е најголем проблем во Македонија – изјави Драги Змијанац од Детска Амбасада Меѓаши.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace