На прес конференција од пред централата на МВР во Скопје,
Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ го обвини министерот за внатрешни Оливер Спасовски за спрега со криминалот во државата:
Оливер Спасовски може да го злоупотребува МВР и медиумите и да лаже дека Скопје е побезбеден од Стокхолм и дека тоа е благодарение на него, но реалноста е дека криминалот царува особено пред избори кога партиите од власта не бираат средства за да ги наполнат нивните каси.
Криминалците оперираат, Спасовски не презема ништо и затоа отворено се сомневаме дека постои отворена спрега меѓу нив.Вчера апелиравме дека власта нема контрола и дека криминалот царува, не поминаа ни 24 часа, а сведоци сме на фрлени бомби во угостителски објект и вооружен грабеж како од филмска сцена. Синоќа во 01 часот и 35 минути по полноќ на угостителски објект во близина на Бит – пазар е испукан проектил од рачен фрлач, при што е оштетен објектот каде што е фрлен проектилот, но оштетени се и соседните објекти. МВР случајот уште го нема расчистено.
Се молчи и за опожарено возило на сопственик на неколку казина. Во третиот случај со закана со автоматски пушки ограбена е експозитура на “Халк банка” во Визбегово на Качанички пат. Разбојниците украле непозната сума на пари. Како на филм ги легнувале на земја вработените и им се заканувале дека ќе ги убијат. МВР и во овој случај не реагира. Сторителите се непознати, а штета е направена.Власта предводена од Зоран Заев и Оливер Спасовски не можат да воспостават ред. Граѓаните секојдневно се жртва на насилници и криминалци, а полицијата чија основна дејност е да ги заштити граѓаните со прст не мрднува. Граѓаните заслужуваат да живеат во стабилна држава.
СДС мора да си замине.
-изјави Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Синдикални играрии: Митревски- Трендафилов е нелегитимен претставник на „ССМ“
Премиерот Мицкоски во посета на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини – поддршка за стабилен и одржлив енергетски сектор
Гевгелија е град на културата за 2025 година