БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Горазд Росоклија: За разочараните

Пренеси го гласот

Во времето кога 90% во Србија, и 102% 🙂 во Македонија, се одушевуваа со Слободан Милошевиќ, бев поканет да одржам предавање на неврохируршката клиника во Скопје, заедно со колеги од тогашна Југославија. Неврохируршката клиника славеше јубилеј.

Вечерта, шетаме низ старата чаршија и разговараме. На колегата од Ниш, невролог и психијатар, му викам:

-Милошевиќ е психопатска личност. Тоа што сега им го прави на тие кои вие ги сметате за ваши непријатели, утре ќе ви го прави вам. Ние во Македонија ќе се заштитиме со границата каде и да ја поставиме, но што ќе правите вие со него? Тој нема да го смени карактерот и нема да ги смени методите со кои се пресметува со противниците.

Утредента, ги држиме предавањата и колегава од Ниш ми вика:

-Горазде, знаш да нисма спавао, унео си ми немир.

Непријателот на мојот непријател е мој пријател е најглупавата мисла или една од најглупавите.

Влегуваш во сојуз не со оној со кого имаш иста цел во моментот, туку со оној кој го дели твојот вредносен систем.

Фејсбук статус на Проф. Росоклија

Креирано од:


Пренеси го гласот