За пеколниот план на власта за дрско, безобразно и против волјата на граѓаните на Република Македонија преименување на државата и уништување на Македонскиот идентитет, со секој нов ден се откриваат нови детали досега непознати во јавноста.
На денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски ја информираше јавноста за постоење на меѓу државен документ на актуелната власт со властите во Косово, во кој што Република Македонија уште пред референдумот на 30-ти септември била преименувана во “Северна”.
Во продолжение ја пренесуваме интегрално прес конференцијата на Наум Стоилковски:
Република Македонија за Зоран Заев била избришана и преименувана во Северна уште пред референдумот. Се останато се само лаги и театар со кои што Зоран Заев се обидувал да го покрие распродавањето на државните и националните интереси.
Владата уште лани пред референдумот, договарала програми со косовската влада со користење на придавката „Северна“. Така стои во документот, заедничката меѓудржавна програма, во која што сите инволвирани министерства и институции како и името на државата се напишани со придавката „Северна“!
Документот, програмата подготвена за објавување, кој според она што е излезенo од Министерството за култура со назнака за објавување, на корицата е испишано „Република Северна Македонија“, „Министерство за култура на Северна Македонија“. Според содржината од македонското министерство, Меѓудржавната Програмата од 65 страници била одобрена во Приштина уште на почетокот на септември лани, а во неа насекаде пишува дека се однесува на Република Северна Македонија.
Наведени се вклученост во оваа програма на Министерства и агенции од Република Северна Македонија. Дури и во предговорот напишан пред септември 2018 година авторот, косовскиот владин претставник Реџеп Хоти, ги поздравува претставниците, учениците, професорите од Република Северна Македонија, како и министерствата за култура, за образование и наука и други владини министерства и агенции на „Република Северна Македонија, како што стои и е наведено во цела оваа Меѓудржавна програма.
Внимание, на почетокот на септември минатата година, во оваа Меѓудржавна програма сите институции за соработка се наведени со додавката „на Северна Македонија“, тоа се случувало во време кога се уште не беше ниту започната кампањата за референдумот, кој што сите знаат дека не успеа, и беше почеток на кршењето на сите закони и демократски принципи што следеа. Сега оваа иста програма, за зајакнување на образовните капацитети, добива само корици од македонското Министерство за култура, се подготвува да биде, или веќе е испечатена, а на кориците стои името Република Северна Македонија, и програма на Министерство за култура на Северна Македонија“.
Откако документот излезе во медиумите, Владата демантираше. Но, документот постои, одобрен е од Косовската влада, од косовскиот претставник Реџеп Хоти, тој го употребува името Северна Македонија, и наведува министерства и агенции на Северна Македонија. Тоа е невозможно за една меѓудржавна програма, без таа да биде претходно мината низ тукашните, овдешните институции.
Владата е должна да одговори: Кој тоа во име на оваа влада, на владата на Заев договарал со Хоти употреба на Северна, и дали Заев е возможно да не знаел за тоа, пред референдумот воопшто да се одржи? Од каде толкава сигурност за Северна, во оваа влада знаејќи дека и сега, денес, се уште тоа име не се употребува, наметнатото име, а има и судски институции кои треба да се изјаснат за чинот на менувањето на Уставот? Кои министри и министерства ја одобриле оваа Програма каде се употребува Северна?
Вакво самоволие какво што спроведува Заев, вакво кршење на сите, пред се демократски принципи е незапаметено во Република Македонија. И затоа мора да следи казна, и ќе следи казна и затоа оваа влада на Зоран Заев беа од соочување со народот, бега од предвремени парламентарни избори.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути
Николоски: Прилеп, Битола, Могила, Новаци, Кривогаштани, Крушево, Росоман се поврзуваат со модерен пат со главниот град
Продолжува трендот СДСМ од опозиција да промовира реализација на проекти на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ