БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Демократија на највисоко ниво: ВМРО-ДПМНЕ ги објави кадидатите за Претседател на партиската конфенција

Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски ги објави кандидатите кои поднеле кандидатура до партиската конвенција на ВМРО-ДПМНЕ за да бидат бирани за кандидат за Претседател на Република Македонија.

Оваа пракса за првпат се спроведува од страна на една политичка партија со толкав број на кандидати кои ќе имаат можност пред партиската конвенција и делегатите да се претстават и да ја побараат нивната доверба.

Во продолжение интегрално ја пренесуваме прес конференцијата на Владо Мисајловски:

Комисијата за утврдување на кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ вчера одржа седница на која ги разгледа поднесените пријави за пројавување интерес за кандидат за Претседател на Република Македонија, кои ќе учествуваат на претстојната Конвенција на 16-ти февруари во Струга. Комисијата утврди дека се поднесени 10 кандидатури, од кои една кандидатура е поднесена по рокот за пријавување и е отфрлена како ненавремена.

Кандидатите кои ги исполниле условите, се следните:

  • Никита Шекутковски, Доктор на математички науки и редовен професор на Природно математичкиот факултет во Скопје, член на Институтот за математика.
  • Ѓорѓи Манасков, машински инженер и Претседател на Стопанската комора за енергетика на Македонија.
  • Васко Костов, фармацевтски техничар.
  • Влатко Ѓорчев, правник, пратеник во Собранието на Република Македонија и член на  Извршен Комитет  на ВМРО-ДПМНЕ.
  • Гордана Силјановска Давчева, редовен професор на правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, член на Институтот за правни и политички науки, катедра за уставно право и политички систем.
  • Илија Димовски, професор во пензија на Шумарски факултет при УКИМ  во Скопје.
  • Филип Петровски, Д-р на политички науки и поранешен директор на Државниот Архив на Република Македонија.
  • Горан Ангелов, правник, поранешен градоначалник на општина Виница во два мандати и Претседател на ЗЕЛС во еден мандат.
  • Сашо Кутлешовски, Д-р по земјоделски науки.

ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможи на сите пријавени еднаков пристап до Општинските Комитети на партијата во период од 6-ти до 16-ти февруари, со цел презентација на нивната програма и визија за Македонија. Сите кандидати ќе имаат еднаков третман и еднакви можности да бидат избрани, согласно принципите на демократија.

Транспарентноста и демократијата на процесот е со цел да биде избран кандидатот кој ќе го претставува мнозинското мислење на граѓаните и ќе работи во  согласност со Уставот и законите во полза на сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја повикува власта, да престане да ги става личните и партиски интереси над државните и да распише предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Државата повеќе нема време за губење, Република Македонија не смее да продолжи да тоне. СДСМ која во изминативе две години донесе само неуспеси мора да си замине.

Прашање: Дали, еве СДСМ тактизира бидејќи се уште не донесе одлука за предвремени парламентарни избори, значи роковите веќе се истечени за т.н. техничка влада, формирање значи нема да има предвремени парламентарни избори. Дали вие како партија ќе учествувате на претседателските доколку не се одржат парламентарните избори?

Одговор: Ние повторно ќе ја повикаме власта да ги распише овие парламентарни избори кои што очекуваме дека набрзо ќе донесат одлука. Гледам веќе дека неколку недели па и изминатите месеци бегаат од ова прашање. Јас и минатиот пат спомнав дали проблем е и техничката влада. Дали они стравуваат од сето тоа. Очигледно дека имаат своја замисла како повторно да ги наполнат кутиите и знаат дека ќе изгубат. Ние ќе ги повикуваме се уште да распишат предвремени избори тоа сите го очекуваме за да конечно оваа власт си замине. Но очекуваме набрзо одговор, а не да бегаат од оваа тема.

Прашање: Дали сите кандидати ги поднесоа кандидатурите или се кандидирани од преку трети лица?

Одговор: Одлично прашање, од денеска ќе ви дадеме и контакт од сите кандидати, ќе може да сите да ги исконтактирате. Дел од нив си дојдоа тука и си доставија лично, се разбира Комисијата директно тоа си го утврдуваше. Но сепак ќе ви доставиме контакт од сите да ги прашате за нивниот начин на нивната кандидатура бидејќи некои ги доставија и преку пошта така да нека биде целосно отворен овој процес и слободно контактирајте ги од денеска понатака зошто од утре веќе почнуваат нели се разбира секој од нив доколку сака да одат на терен, односно по Општинските Комитети и да бидат достапни до сите вас.

Прашање: Во јавноста веќе се шпекулира дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ ја фаворизира професорката Силјановска?

Одговор: Видете, ние ќе го поддржиме оној кандидат што ќе победи на Конвенцијата. Затоа апелирам до сите кандидати овој период да ја покажат нивната визија, да ја покажат нивната програма, да ги освојат срцата на сите граѓани. Со тоа што они ќе го направат и тоа што следи во наредниот период се надевам дека ќе биде одлична програма за сите граѓани и тој што ќе победи на Конвенцијата треба да не сплоти и се разбира дека ова раководство но и целото членство, се разбира и сите граѓани ќе го прифатат тој кандидат кој што ќе победи. Ова е демократија и нека победи најдобриот.

Прашање: Ќе има Конвенција на 16-ти?

Одговор: Да, да ќе има и веќе е закажано во Струга.

Прашање: Како го коментирате тоа што сите политички партии, па и од други етнички заедници најавија ќе кандидираат свои кандидати за претседател? Дали сега во првиот круг би дошло до пребројување на членството?

Одговор: Јас веќе одговорив на ова прашање на минатата прес конференција. Но со задоволство ќе одговорам повторно. Во овој процес на демократија е добро сите партии да извадат свои најдобри кандидати. Дали тоа ќе биде преку своето членство или ќе истакнат навистина добри кандидат ќе оставиме времето да каже. Но ВМРО-ДПМНЕ најважно му е да излезе со најдобриот кандидат и на овие избори да победи.

Креирано од:


Пренеси го гласот