БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Обвинувања за непотизам кај функционерите на СДСМ во Штип

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип денеска на прес конференција упати сериозни обвинувања за постоење на непотизам кај високи функционери на СДСМ во актуелната власт во државата.

Во продолжение go пренесуваме интегрално текстот на прес конференцијата на Санела Петрова од ВМРО-ДПМЕ ОК Штип:

Вирусот на непотизам се шири насекаде низ државава. Најпогодени се роднините и блиските на високите функционери на СДСМ. Овој вирус не го одмина ни братот на Државниот секретар во Министерство за здравство, кој од неодамна е вработен во МЕПСО.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Владимир Милошев беше прв човек на СДСМ во Штип додека беше во опозиција, но откако оваа партија е на власт, не само што доби висока државна функција, туку и нескромно ги користи сите придобивки на власта. Најпрво доби службено возило, па бенефициите ги надополни со одвоен живот, кој го исклучува користењето на службеното возило, но за истото се говори дека секојдневно е во Штип. Но, не само Милошев, туку и неговото потесно семејство се офајди од неговата функција. Сопругата на Милошев е вработена како советник на ректорот на Универзитетот Гоце Делчев. А најнова корист која Милошев ја стекнал како резултат на тоа што неговата партија е на власт, е вработувањето на неговиот брат и тоа во компанијата МЕПСО, каде се згрижуваат блиските на највисоките функционери на СДСМ.

И наместо Државниот секретар да се грижи за здравјето на пациентите во Источна Македонија и да ја забрза изведбата на Клиничката болница, тој е посветен на максимално користење на државните привилегии. Болницата е во застој една година, но очигледно тоа не допира до Милошев. Пациентите се изложени на студ, зарази и лоши услови кои го покажуваат хоророт на здравството во неговата најсурова форма.

Станува очигледно дека во СДСМ знаат дека им се ближи крајот, па затоа најнеодговорно и без образ, на грбот на граѓаните, ги користат сите можни ресурси кои им се на располагање и го шират непотизмот како најнормална заразна болест.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace