Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва преку фејсбук соопшти дека конечно Зоран Заев се согласил на ТВ дуел со него, во кој што ќе разговараат за сите актуелни теми од интерес на граѓаните на Република Македонија.
Очигледно на власта и гори под нозе и сметките не и се такви какви што ги прикажува во јавност.
Добро е што по две директни прозивки премиерот конечно прифати дебата.
Ја прифаќам понудата за дебата со Зоран Заев од Канал 5 телевизија, и за разлика од него без некакви дополнителни услови и барања.
Ајде на дебата и тоа час поскоро да разговараме за актуелните теми.
Поразот на самоволието на Заевизмот е извесен!
-напиша на фејсбук Претседателот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
СДС и грижа за спортот?
Јаневска: Со постоење на лажните дипломи, оние кои реално се градат интелектуално во своето образование ја напуштаат државата
Средба на Македонски пратеници со Пол Мекарти и Џејмс Карафано