БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Елка Улчар- Родена сум во Македонија. Читам, пишувам и зборувам на македонски.

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Родена сум во Македонија.
Читам, пишувам и зборувам на македонски. 
Татко ми е роден во Воденско, Егејска Македонија. И тој читаше и пишуваше на македонски, а пишуваше стихови и на воденскиот егејски говор. Исто македонски. 
И дедо ми читаше и пишуваше на македонски.
Баба ми не читаше, не пишуваше, ама зборуваше на македонски.
И чичко ми и тетка ми од таткова страна – пишуваа, читаа и зборуваа македонски.
Сите заминаа на оној свет од Македонија. Достоинствено. Како што им прилега на сите Македонци.
И јас планирам така да заминам од Македонија. Како Македонка.
И нема да побарам дозвола за тоа ни од Ники, ни од Мики, ни од Зоки…
Не смеат тие да ми детерминираат ништо. Од причина што ниту ме створиле ниту ме родиле!
Одредиле, веќе, многу порано за мене – моите предци! 
И НИКОЈ ДРУГ!!!

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace