БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љупче Петрески: ПОТЦЕНУВАЊЕ НА НАРОДОТ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Ако се суди според народната „Денот по утрото се познава“, тогаш кампањата за ПИ ќе биде доста интересна. Вчеравечер во Прилеп било многу интересно. „Врв“ бил перформансот на наша сограѓанка (не била единствена) демек исполнет со набој од емоции, патетика гушкање и … очајна глума. Како Боризовска и Каевски.

Прво, да прашам, во секој град за време на кампањата ќе имате вакви перформанси? Ако е така, однапред се радувам. Ќе има смеа.
А бре од Маркукуле се гледа дека се подготвувале за ваков перформанс, со однапред приготвени говори. Тие што читаа говори, не се вредни за спомнување. Но, тоа не е најтрагично. Најтрагичното е што овие лица не веруваат во тоа што го рецитираат. И затоа не се убедливи туку смешни. 

За да убедиш некого во тоа што го зборуваш треба да веруваш во тоа, да имаш жар во срцето и оган во очите. Не се правам паметен и не распродавам бардиња, ами зборувам од искуство. Па Вашите луѓе, вашите партиски членови, присутни на митингот, се потсмеваат и веднеат глави. 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

И најважното! Се прашувам дали воопшто чувствувате барем ронка срам за ова што го правите со овие перформанси? Зошто се обидувате да го омаловажите народот? Зарем навистина мислите дека народот е толку глуп и не може да ја проѕре „глумата“ на овие ваши однапред подготвени перформанси со очајни актери? Засрамете се што си дозволувате да го потценувате сопствениот народ. И сопственото членство, кое, единствено има пристап до клупите на бината. Гревот да им го берите на овие „актери“.

Гревота се, цела Македонија се подбива со нив.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace