Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево Горанчо Тодоровски заедно со Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ од Делчево, Кристи Стојковски, Советничката во Советот на Општина Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Георгиевска и Ивана Атанасовска, остварија работна средба со Амбасадорот на Франција во Република Македонија неговата екселенција Кристиан Тимоние.
Состанокот беше одлична можност за разговор на повеќе теми од локално значење за граѓаните на Делчево.
Главен акцент на состанокот беше ставен на претстојните Претседателски избори.Претставниците на Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево на состанокот реагираа на редица неправилности како и евидентните секојдневни притисоци и закани врз јавната администрација од страна на функционери на власта во однос на слободното остварување на право на глас на граѓаните.
Оваа средба е од особено значење за унапредување на соработката на Делчево со официјалните претставници на Франција во иднина.
-соопштуваат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНе во Делчево


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево
Починат 47 годишен жител на с. Лаки, виничко донесен во Брзата помош во Виница
Драган Ковачки во присуство на членови на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ одаде почит пред спомен плочата кај месноста Свиланово, кочанско каде загинал Никола Карев