ДУИ силно ја поддржува кандидатурата на Пендаровски бидејќи Албанците во Северна Македонија имаат потреба од претседател кој се залага за интеграцијата на земјата во НАТО, членството во Европска Унија, Охридскиот Договор и јазичната рамноправност, а истовремено гледа партнерство во Вашингтон. Албанците не се навикнати во првиот круг да гласаат за Македонец, но затоа во вториот ќе испорачаме 80.000 гласови за Пендаровски,
-изјави Меџити.
Меџити додаде и дека останувањето дома на 5 мај го загрозува членството во НАТО, го загрозува датумот за преговори со ЕУ, го загрозува пријателството со Вашингтон и Брисел, и конечно ги загрозува јазичната рамноправност и Охридскиот Договор.
Ставовите на ДУИ како и потребата за излезеност и гласање на 5 мај пред граѓаните утре на собир во Филхармонија ќе ги објасни и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија