Кога гордо со милозвучен славејски глас ќе се спомене тоа библиско име Македонија, тогаш одекнува еден силен екот на ВНАТРЕШНАТА МАКЕДОНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА и низ ушите на секој еден од нас ечи ВМРО-МАКЕДОНИЈА
Нашата држава, Република Македонија, во текот на годините на нејзиното постоење, даде великани чии имиња и денес ги изговараме со благонаклоност и стравопочит.
Нашата татковина и денес создава големи, по душа, маченици и херои кои се подготвени на секакви ризици и на своја саможртва, да застанат во нејзина одбрана, да се борат против тежината на овие оловни времиња кои ја уништуваат.
Почитувани, денес нашата татковина е нападната од сите страни, но најмногу од внатрешната. Внатре најмногу боли.
Би сакал да ја изразам таа болка преку зборовите на нашиот великан и револуционерен херој, Гоце Делчев, кој што уште во тоа време доживеал да види што значи предавството од своето : „ Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот.
Денес нашата татковина е понижена.
Денес нашата татковина не повикува да ја одбраниме!
Ние, ВМРО – ДПМНЕ, не сме партија која произлегла по потреба за некои лични цели и интереси, туку напротив; ние сме партија која служи на народот и татковината и заедно низ историјата на нашиот народ сме извојувале тешки битки, сме стоеле со народот сплотени заедно, воглавно сме поминале многу добри и лоши времиња. Затоа што ова е партија на народот и за народот. Затоа што заедно сме си СЕ’ и заедно сме многу посилни’.
Она што сакам да потенцирам е дека и денес кога ги живееме најмрачните, најтешките времиња во нашата историја, во историјата на нашата татковина, ВМРО – ДПМНЕ остана со својот народ.
Ние не ги потценивме чувствата, идеите и одлуките на нашиот народ, и токму затоа можеме да кажеме дека ние сме партија на народот, а не на елитата. Нашите луѓе потекнуваат од народот и нивната замисла е произлезена од неговите идеи и ставови. И затоа како партија сме ослободени од должност кон разни центри на моќ!
ВМРО – ДПМНЕ е единствено должник само кон својот народ за кој што постои и од кој што произлезе. Затоа се ставаме во одбрана на нашата татковина на секој можен начин! Знам дека во ова време-невреме мислите и чувствата се помешани,на душманите на ВМРО всушност и тоа им беше целта – да не разделат, да не поделат, да не раскараат
. И знам дека од вас, стари до коска ВМРОВЧИШТА има некое незадоволство дури и кај младите, повозрасните, ветераните, основачите го има она ,,незадоволство” и е причина за БОЈКОТ.
Но браќа и сестри ќе се сетам на едни зборови и совет на мојот покоен татко кој беше дел од вас, кој со неколкумина од вас го основавте ВМРО-ДПМНЕ и кој војуваше со сите вас до последниот негов здив, кој сакам баш во ова време да го споделам со вас.
Го цитирам: ,, сине еден ден кога ќе одиш по патот на животот и ако се најдеш на раскрсница и не знаеш кој е вистинскиот пат за Македонија тогаш види на која страна е ВМРО-ДПМНЕ но притоа немој да се врзуваш за личности ниту за било што друго, види на која страна е ВМРО на таа страна кај што е ВМРО избери го тој пат бидејќи вистинскиот и најдобриот пат за Македонија е ВМРО-ДПМНЕ оти без ВМРО и Македонија нема да постои”.
Затоа браќа и сестри јас како син на еден од вас, син на еден од основачите на УМС ВМРО-ДПМНЕ јас и сите вие рамо до рамо да го одбериме патот на ВМРО-ДПМНЕ патот на МАКЕДОНИЈА!
Денес сакам да се заблагодарам со цело срце, на основачите на ВМРО – ДПМНЕ, на сето она што направивте за нашата партија, за Република Македонија и за македонскиот народ. Да не бевте вие, денес немаше да бидеме и ние.
Почит и поклон на вашето дело!
Почитувани ајде заедно да бидеме промената што сакаме да ја видиме, ајде сите заедно да се обединеме како никогаш досега, да се обединеме под знамето на нашата татковина и бајракот на ВМРО – ДПМНЕ, да го испочитуваме аманетот на нашите предци, да не го забораваме долгот, да се поклонеме на ликот и делото на нивната жртва, да го испочитуваме библиското и исконското име, аманетот МАКЕДОНИЈА!
А на нашиот почитуван и драг претседател на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски сакам да му порачам дека секогаш ќе ја имате мојата, нашата подршка, поддршката од младите, поддршката од Унијата на Млади Сили.
Не заборавајте дека вие сте нашиот претседател, војвода, професор а пред се и наш родител бидејќи ние сме децата на ВМРО – ДПМНЕ!
Нека изгрее зората, нека дојде правдата и нека победата на ВМРО-ДПМНЕ биде толку голема и света колку што е света крвта на војводите и комитите, крвта на бранителите!
ОВОЈ ПАТ ЗА НИВ ДА ИЗЛЕЗЕМЕ, ДА ГЛАСАМЕ И ДА ПОБЕДИМЕ! И ДА ЗНАЕТЕ ЌЕ ЗАЗОРИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГО ВОЗВРАТИ УДАРОТ!


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија