Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Охрид во гостување на ТВ Алфа изрази оптимизам околу достигнувањето на цензусот и победа на Кандидатот за претседател на Република Македонија, проф. Д-р Гордана Сиљановска Давкова.
Секаде во Република Македонија се чувствува онаа енергија, се чувствува желбата Република Македонија да ја ослободиме од овој деспотизам кој што денес се темели на погрешни вредности,
-констатира Мицкоски.
Луѓето се ослободија очекувам дека во вториот круг поддршката за Гордана Сиљановска Давкова ќе биде огромна и со тоа ќе се потврди вољата на мнозинството граѓани во Република Македонија, а очекувам да биде исполнет цензусот и во недела да имаме повеќе од 724.000 гласачи кои што ќе излезат,
изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!