Педесет и четиригодишниот затвореник Џенгис Џемаил вчера починал на скопските клиники, од инфаркт. На Џемаил му се слошило додека бил во затворот, по што веднаш бил однесен во болница, но таму констатирале смрт.
Затвореникот во петокот беше примен во „Идризово“, бидејќи претходно беше во притвор. Во неделата му се слошило, по што бил однесен во болница.
Затвореникот претходно не се жалел на болка и не барал лекарска помош, а според неговиот здравствен картон тој имал преглед во септември минатата година, но и тогаш не се жалел на болка во градите или слично.
– изјавил директорот Мојсоски за Фокус.
Џемаили беше осуден на 20 години затвор за убиство, а на повтореното судење казната му била намалена на 13-години затвор.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Зошто еден студент треба да носи потврда од една институција во друга, кога државата веќе го има податокот? Што значи да се служи на граѓаните во 21-виот век?
Николоски од Виенскиот економски форум: Економската соработка на регионот е потребна за заеднички пристап и посилна конкуренција на глобалниот пазар
Клековски: Преживувањето на предвреме родените деца е решено подобро од европскиот просек — сега редот е на превенцијата и на грижата по болницата