Ново заболените од морбили се конфекциски работници од иста фирма. Се работи за 10 нови случаи, а на инфективното одделение во штипската клиничка болница хоспитализирани се оние со потешка клиничка слика. За спречување на ширење на заразата, епидемиолозите на лице место имунизирале 37 работници од истата конфекција.
– Сепак постои ризик бројот на заболени да се зголеми, зашто работници од различни конфекции на работните места се превезуваат со исти автобуси, но и затоа што заболените имале контакти со членови на семејствата –стенд ап
Пред две недели беше хоспитализирано 6 члено семејство од Карбинци. Затоа епидемилозите велат дека будно ќе ја следат состојбата со ширењето на заразата. Од февруари, кога беа регситрирани првите два случаи на заболени од морбили, па до денес, во штипската клиничка болница се регистрирани вкупно 20 случаи, сите од Штипско-карбинскиот регион.
Извор: sitel.com.mk


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Истрага за проневера во службата во ФФМ
Алиу на економско-социјалниот совет: За секој денар од акциза од тутун, економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици од пушењето
Присуство на висока партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од ген-секот Драган Ковачки на конференција посветена на иднината на Македонија