БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Поради неспособноста на локалната власт во Кочани, се сруши летниковец во новоотворениот туристички информативен центар на Осогово

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

До нашата редакција пристигна реакција на граѓани која се однесува на состојбата на Туристичкиот информативен центар ” Пониква” Осоговските планини.

Истата ја пренесуваме во продолжение:

“Со финансиска поддршка од Програмата за зачувување на природата во Македонија, што се реализира во соработка со Швајцарскиот секретаријат за економски работи – СЕКО, на Осоговските Планини во октомври 2018 година беше отворен нов туристички информативен центар.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На  промоцијата тогаш на инфоцентарот „Пониква“, присуствуваа заменик-амбасадорот на Швајцарија, Стефане Томажиан, амбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар и министерите за локална самоуправа и за земјоделство, Сухејл Фазлиу и Љупчо Николовски, а беше истакнато значењето на проектот за регионот:

– Инфоцентарот да придонесе кон промоција на природното богатство од регионот и начините на неговото одржливо управување и користење, и да даде значителен придонес и кон подигање на свеста за зачувување на природата и за збогатување на туристичката понуда на Источниот плански регион.

Со неговото интегрирање кон веќе познатите туристички атракции на Осогово, тој ќе придонесе и кон поддршка на локалниот економски развој, истакна тогаш градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Но деновиве посетителите на Осоговските планини се сведоци на напуштен објект по само 8 месеци од неговата промоција.

Најавите и ветувањата на Градоначалникот дека туристите ќе можат да добијат информации, мапи, летоци и други печатени и промотивни видеоматеријали во Инфоцентарот „Пониква“ се срушија исто како летниковецот кој беше изграден пред неполни 8 месеци.

Веќе неколку денови посетители на Осоговските планини испраќаат слики и јавуваат за срушен летниковец воИнфоцентарот „Пониква“, но локалната власт предводена од Градоначалникот Николчо Илијев останува глува на реакциите на посетителите.

За да биде срамот поголем локалната власт го гледа срушениот летниковец online на веб страната osogovo.mk преку стримот од поставената камера и не презема никакви активности.

Неодговорноста и неспособноста на локалната власт на чело со Градоначалникот Николчо Илијев започна да достигнува епохални размери. “

Оваа реакција од граѓани на Кочани е препратена до Службеното електронско сандаче info(at)kocani.gov.mk на Општина Кочани и очекуваме одговор од нивна страна, како би ја доследно информирале јавноста за овој проблем.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace