Многумина предупредуваа (и сè уште предупредуваат) дека влегувањето во ЕУ и НАТО (по секоја цена) може да има длабоки последици за Македонија и за нејзиниот народ. Од своја страна, власта и нејзините трабанти одговараа дека незачленувањето на Македонија може да ја доведе во опасна ситуација не само земјата, туку и целиот балкански регион. Така, продолжуваа со заплашувањата, во прашање би дошол и светот. Слушајќи ги предупредувањата на овие мудријаши, се сетив на Марксовата иронична забелешка: „Како што накнадно дознавме, светот не пропадна, туку пропаднаа…“
Кој и зошто пропаднаа, може да се види во делото „Светото семејство. Критика на критичката критика“, пишувано со Енгелс 1844 година. Кој и зошто пропаѓа кај нас, во Република Македонија, може да се види секојдневно, во самиот живот.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар