Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов денеска ги потпиша решенијата и ги додели стипендиите и еднократните награди на учениците кои што покажале особени успеси на државни и меѓународни натпревари во рамки на образовниот процес во државата.
Ваквата пракса градоначалникот Јорданов ја воспоставува за прват во интерес на афирмацијата за постигање успеси во рамки на образовниот процес на учениците во општината.
Денеска бе доделени вкупно 13 стипендии кои ќе ќе се доделуваат во тек на 12 месеци од годината во износ од 3000, 2500 и 2000 денари како и 4 еднократни награди во износ од 30000 денари врз основа на ранг листата која ја подготви Комисијата формирана во општина Штип.
“За прв пат од оваа година Општина Штип започна со доделување на стипендии на ученици за особени постигнувања на државни и меѓународни натпревари.
Денес потпишавме и доделивме 13 стипендии и 4 еднократни парични награди на учениците од Општина Штип.
Стипендиите и еднократни парични награди се доделуваат согласно Ранг-листата од Комисијата за наградување на учениците од Општина Штип за особени постигнувања на државни и меѓународни натпревари, врз основа на спроведен Јавен повик.
Стипендиите се доделуваат за период од 12 месеци, за учебната 2022/2023 година.
Стипендија во износ од 3.000,00 денари месечно, се доделува на:
Дамјан Давков
Иван Костевски
Марио Ванчоски
Стипендија во износ од 2.500,00 денари месечно, се доделува на:
Теодора Стојчевска
Даниел Христов
Дора Милева
Стипендија во износ од 2.000,00 денари месечно, се доделува на:
Стефан Гулиќ
Драган Костадинов
Сара Јакимовска
Дијана Арсова
Ана Арсова
Јована Митева
Андреа Кукушева
Еднократни парични награди во износ од 30.000,00 денари се доделува на прворангираните четворица кандидати, кои ги исполнуваат условите за добивање еднократни парични награди:
Дамјан Давков
Иван Костевски
Марио Ванчоски
Теодора Стојчевска”
-соопшти Градоначалникот на Штип Иван Јорданов.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Пролетта започнува со музика
Верските обреди во Кочани по повод годишнината од трагичниот пожар – со највисоките црковни великодостојници
Најавени бројни гости и делегации – градоначалникот на Кочани апелира во претстојните денови жителите да се воздржат од користење автомобили