БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Врвот на Емпајр Стејт Билдинг во Њу Јорк првично бил наменет за пристаниште на летечки цепелини

Пренеси го гласот

Многу малку се знае во јавноста за вистинската суштина на првичната замисла за постоењето на висината на Емпајр Стејт Билдинг во Њу Јорк.

Уште од нејзиното ставање во функција за јавноста во 1931 година кулата Емпајр Стејт Билдинг во Њу Јорк е восхит на сите посетители кои што имаат можност да бидат дел од нејзината монументалност. Всушност 102 катната зграда е најфотографираната кула во светот. Таа е отворена за посетители кои според стручните туристички водичи само во термин повеќе од 2 часови можат да доживеат дел од магијата која ја нуди оваа зграда.

Во мирно време без магла, облаци или слични атмосферски препреки, посетителите од врвот на зградата можат со својот поглед да стигнат до пет сојузни држави- Њу Јорк, Пенсилванија, Конектикат, Њу Џерси и Масачусетс.

Емпајр Стејт Билдинг се наоѓа во средиштето на Менхетан во Њу Јорк. Нејзиното име потекнува од прекарот на Њу Јорк- Емпајр Стејт. Покривот на кулата е на височина од 380 метри а заедно со антената на нејзиниот врв кулата е висока вкупно 443,2 метри.

Се до изградбата на СветскиотТрговски центар оваа кула била највисоката зграда од ваков вид во светот. Од 2020 година Емпајр Стејт Билдинг е една од 7 највисоки згради во Њу Јорк, една од деветте највисоки згради во САД и 49 највисока зграда во светот.

Нејзината изградба започнала на 17 март 1930 година а завршила на 11 април 1931 година.

Првично нејзината височина на изградба потекнувала меѓу другото и од идејата оваа зграда да биде воздушно пристаниште за летечките цепелини, но поради технолошките ограничувања на овој тип на воздухоплови оваа идеја понатаму со развој на останатите летечки сретства отпаднала.

Креирано од:


Пренеси го гласот