Никола Димитров, во негов стил (ноншалантно и арогантно?) разложно и спокојно објасни дека немало ништо необично што Заев наседнал на руските пранкери, бидејќи денешното вереме било поинакво, отколку во минатиот век, па брзината можела да доведе и до вакви гафови. И не само што можела да доведе до вакви гафови, туку веќе и довела кај некои други. Во секој случај, интересна теза/изговор. Сепак, не би било лошо, макар што не е нужно, да размисли за некои работи. Во оваа пригода доволно е: (а) да го погледа филмот „Модерни времиња“ од Чаплин; (б) да размисли за поговорката дека брзата кучка слепи кучиња раѓа и (в) дали еден гаф оправдува друг гаф, т.е. дали нечиј неуспех (или, не дај Боже, глупост!) оправдува друг неуспех/глупост.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!